Министерството за економија не успеаа да донесе нов закон со кој ќе ги заштити туристите

0
85

Ниту една осигурителна компанија не сака да понуди полиса на туристичките ангажмани од 100 илјади евра, за да ги заштити граѓаните кој патуваат надвор од земјава. Ова е главната кочница поради која не се носи нов или не се менува веќе постоечкиот Закон за туристичка дејност. Ова е оправдувањето на министерот за економија Крешник Бектеши зошто долговетуваниот закон се уште не е донесен.

„Ние сме во преговори, но не само ние туку и стопанските комори со сите осигурителните компании за тие да ги покриваат полисите за туристички ангажмани, но до овој момент немаме најдено ниту една компанија која ќе ги издава тие полиси за осигурување. Во мометот кога ќе се усогласиме ќе биде испратен до Влада и ќе го усвоиме“, изјави Крешник Бектеши- министер за економија.