Министерството за труд без министер до избори

0
90

Министерството за труд и социјална политика ќе функционира без министер до парламентарните избори на 12 април, откако ВМРО-ДПМНЕ до синоќешното распуштање на Собранието не даде нов предлог како алтернатива за разрешената Рашела Мизрахи.

Наследничката на Мизрахи, која беше разрешена од Собранието под изговор дека не го почитува уставното име на јавните настапи, требаше исто така да биде предложена од редовите на опозициската партија како дополнителен технички министер на МТСП.

Ова индиректно го потврди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по распуштањето на Собранието, објаснувајќи го потегот како намера да не се прифаќа играта на техничкиот премиер Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.