Мицкоски: Заев кога се срами од родот свој може само да замислам што може да очекуваат другите заедници, ВМРО-ДПМНЕ останува македонска партија

0
79

Заев кога се срами од родот свој може само да замислам што може да очекуваат другите заедници, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на изјавата на превиот човек на социјалдемократите дека СДСМ веќе не е македонска партија. Затоа Мисцкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ останува македонска партија.

Вчера Заев изјави дека СДСМ повеќе не е македонска партија и поради тоа е фаворит на изборите. Коментирајќи ги претстојните предизборни коалицирање во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април вели дека неговата партија сега е мултиетничката, како и етничкиот состав на државата.