Мицкоски и неговото семејство донирале 30.000 евра за ВМРО минатата година

0
90

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговата сопруга Роза Мицкоска и неговиот татко Иван Мицкоски донирале вкупно 1.800.000 денари или скоро 30.000 евра за партијата во текот на минатата 2019 година.

Според податоците што ни ги доставија од партијата, лидерот Мицкоски и двајцата членови на неговото семејство уплатиле идентични донации од по 600.000 денари, односно секој по околу 10.00 евра.