МИЦКОСКИ: НАСКОРО ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОАЛИЦИЈАТА СО КОЈА ЌЕ НАСТАПИ ВМРО-ДПМНЕ НА ИЗБОРИТЕ

0
76

Во исчекување на новите предизборни и изборни коалиции а во насока на внатрепартиските калкулации за тоа како дел од партиите ќе го трчаат изборниот процес и денеска препукувања на релација СДСМ и ВМРО ДПМНЕ . И додека од Бихаќка велат дека се уште не можат да официјализираат дали ќе има коалиција со Беса иако не го исклучуваат како можност првото предизборно коалицирање со партија од албанскиот блок , лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска им посака среќа во евентуалното заедничко трчање на изборите на Касами и Заев но се уште не открива дали и со кого тие планираат да коалицираат.

Во меѓувреме пак се уште траат и внатрепартиските анализи за тоа кои се имиња ќе се најдат на изборните листи . Од двете најголеми партии од македонскиот блок и вчера во Тренд Анализа на ТВ 24 потврдија дека ќе го испочитуваат законскиот минимум на родова застапеност на жените.