Мицкоски: Од СДСМ молеа Бога да се случи коронавирусот за ВМРО-ДПМНЕ да не излегува со народот да протестира

0
76

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ситуацијата со коронавирусот ја стави во политички контекст велејќи дека неговите политички ривали се молеле да се случи тоа за неговата партија не може да протестира.

На прашањето дали ќе продолжат со протестите, откако пред два дена организираа еден, со оглед на тоа што имаме појава на коронавирус и има апел да нема поголеми собири, Мицкоски одговори:

„Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава. Тие, претпоставувам, молеа Бога да се случи сето ова за ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие што денеска е секојдневие во Македонија, за жал. Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период благовремено ќе ги презентираме пред јавноста. Да почекаме, одиме чекор по чекор, внимателно, за да не се создадат какви било причини од страна на исплашените од СДСМ да можат да го злоупотребат тоа против народот и против ВМРО-ДПМНЕ“