Мицкоски повика на протест од обвинителство до врховен: Заев е главата на криминалниот октопод!

0
83

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на протест утре од Јавното обвинителство до Врховниот суд, со цел, како што рече, да ја пратат пораката дека мора да има одговорност за премиерот Зоран Заев, бидејќи, според Мицкоски, тој е глава на криминален октопод и главен кочничар на правдата.

-За е фатен на лице место како го крши законот, тој постојано се вплеткува во криминал и скандали. Ова не е европската иднина, туку криминалната приказна за Заев. Аудио-материјалот што беше објавен покажува дека Заев е виновен за неправдата. Има јавно признание дека Заев ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховен суд. Потоа, тој признава дека има стратегија да се влечат случаите и за тоа знае Катица Јанева. Трето, шемата за паѓање на случаите е јасна – преку закон за јо или одлука на Врховен – рече Мицкоски.