Млади братучеди од Македонија загинаа во сообраќајка во Италија

0
88

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека утрово двајца млади македонски граѓани загинале во сообраќајка што се случи во Пјаченца, Италија.

Според пишувањето на италијанскиот медиум ILPIAACENZA, во несреќата загинале Марија Витанова (25) и нејзиниот братучед Методи Витанов (26), кои биле во автмобил „рено клио“. Автомобилот удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнале спасувачите веќе било доцна.

Според италијанскиот медиум, станува збор за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.