Млади скопјани приведени за поседување наркотици

0
103

Две млади лица во се приведени во Скопје во саботата, откако кај нив биле откриени наркотици и постоење сомневања дека се занимавале со недозволена трговија, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.

Во саботата околу 17 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 27-годипниот скопјанец Г.Г., затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вечерта, пак, околу 22.35 часот на булеварот „Илинден“, полициски службеници го лишиле од слобода и 19-годишниот Т.М. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.