Можна седница во 15 часот во Собранието за законот за ЈО

0
83

Постои можност денеска Собранието во 15 часот да одржи седница на која ќе се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА собраниски извори, но сепак седницата се уште не е објавена на официјалниот сајт на законодавниот дом.

Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот, кога треба да се одржи седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија, потврдија за МИА извори од владејачкото мнозинство.