Муслиманите во Словенија ја добија првата џамија

0
83

По повеќегодиншни напори муслиманите во Словенија да добијат свој верски објект, во Љубљана е отворен Културниот центар со првата џамија во Словенија, за која камен-темелникот беше поставен во 2013 година.

На површина од 13.000 квадратни метри, се наоѓаат управна и станбена зграда, спортска сала, ресторан и образовен центар со библиотека.