Навала во скопските аптеки: Се купуваат маски против коронавирус

0
84

Во скопските аптеки утринава има интензивна побарувачка на медицински маски. Граѓаните купуваат по неколку пара, и за себе и за најблиските.

Во неколку скопски аптеки од голем ланец аптеки, нема никакви маски, ниту обични од 4 денари, ниту од поскапите, со вентил.

Во една од аптеките, фармацевтката вели дека вчера е извршена поголема набавка на медицински маски, но тие не се оние што штитат од корона, туку обични, како за заштита од загадениот воздух.

– Имаме само со дваиполка филтер. Тие што штитат од корона се N95 маски. Овие што ги имаме не штитат од вирусот, туку од други бактерии. Од тие што штитат од „корона“, не знам ни дали има набавено во Македонија се уште. Сепак, утринава имаме навала од граѓани што купуваат, среќа вчера направив поголема нарачка – ни рече фармацевтката во телефонскиот разговор.