Над 15.000 граѓани испратија јасна порака: Судството и обвинителството мора да испорачуваат правда за сите!

0
73

Граѓанскиот марш „Чекориме за правда” сплоти повеќе од 15.000 граѓани кои имаа за цел да го охрабрат правосудниот систем да воспостави правда, со што ја потврдија заложбата за градење силна правна држава.

Откако мнозинството пратеници го изгласаа Законот за Јавно обвинителство, но и Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за судови и Законот за Судски совет законодавната власт ја исполни својата обврска и испорача уште еден аргумент пред Европската Унија, дека државата е подготвена за неселективна правда и за владеење на правото.

Затоа, главната порака од маршот беше дека сега е ред на правосудниот систем да постапи независно и професионално и да испорача правда, а оние кои ја блокираа правдата се целосно поразени.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се целосно поразени на тема правда. Целата јавност го виде тоа. Затоа треба да се искористи овој момент, сите да се охрабрат, судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо! Граѓаните, нашиот народ од кои што земаме плата, очекува правда – на вас е да ја испорачате правдата во Република Северна Македонија” повика Заев.