Најмалку три жртви во невремето Денис во Велика Британија

0
78

По невремето Денис во Велика Британија следуваа предупредувања за поплави опасни по живот, а бројот на загинатите се искачи на три лица, откако е пронајдено телото на 55-годишна жена, која од неделата беше пријавена дека е исчезната.

Во понеделникот беа издадени околу 480 предупредувања за поплави низ Англија, што досега е најголем број.

Метеоролозите предвидуваат дека нивото на реките и понатаму ќе расте, најмногу во делови од северна Англија.

Жителите на Велс и западниот дел на Англија ги расчистуваат последиците од поплавите по невремето што ги поплави патиштата, железниците, домовите и го наруши сообраќајот низ Велика Британија.