На новоназначениот началник на СВР Тетово функцијата му траеше само два дена.

0
95

Функцијата началник на СВР Тетово на Гоце Јанкуковски му траеше само два дена. Откако оваа раководна позиција ја доби на 16 февруари од техничкиот министер за внатрешни рабои Наќе Чулев, на 18 февруари Владата на Македонија го поништи ова решение и на негово место за прв човек на оваа институција, го врати поранешниот началник Амир Далипи.

Токму на предходната промена на раководните позиции во СВР Тетово реагираше дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи,Славјанка Петровска.

Таа истакна дека поради законски пречки, односно поради назначување во изборен период, таа одбила да го потпише назначувањето на Гоце Јанкулоски за началник на СВР Тетово.