На судењето за „Монструм“ денеска сведочеа Љупчо Тодоровски и Гордана Јанкуловска

0
82

По осум години, Хаки Азири и Љупчо Тодоровски со прекар „Радникот“, првпат се соочија во судница. На судењето за „Монструм“ денеска сведочеше поранешниот директор во Бирото за јавна безбедност, Тодоровски. Откако пред неколку судења обвинетиот Азири директно кажа дека Радникот му нудел програма за заштитен сведок и оти го малтретирал, денеска Тодоровски во судница кажа дека не го познава Азири и ги демантираше неговите тврдења. Обвинителката Фатиме Фетаи го праша Азири дали Тодоровски е човекот кој му нудел да биде заштитен сведок и го малтретирал – Азири потврди, но додаде: „Не сум рекол дека ме малтретирал“. А, за себе, Азири рече дека не е вмешан во случајот.