Независниот академски синдикат го повика министерството за образование да го прифати предлогот за колективен договор

0
78

Независниот академски синдикат побара нивниот предлог за колективен договор да биде потпишан од Министерството за образование. Со ова, велат од НАкС професорите од високо образовните институции ќе имаат долгорочен план за раст на платите, но и за останатите сегменти кои им се повеќе од потребни во извршувањето на нивната дејност. Затоа потребно е итно воспоставување на уедначени критериуми за финансирање на универзитетите и на научните институти.

„Универзитетите се принудени да запишуваат што е можно поголем број студенти, како би собрале повеќе средства од нивната партиципација за да можат да ги зголемат платите и да дојдат до некое пристојно ниво. Потенцирам дека МОН од 2009 та не исплаќа додатоци за стаж во високото образование, што значи дека единиците се ставени во ситуација, или да кршат закони на вработените да не им исплаќаат додаток за стаж, или пак без разлика на квалитетот да запишуваат големи бројки на студенти за да можат финансискиот товар да го издржат“, рече Маја Стевановиќ Независен академски синдикат.