Не успеа мисијата на Мицкоски да го одбрани криминалот на својот шеф Груевски, со Законот за ЈО нема скриена амнестија, има правда за сите

0
72

Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски не успеа да го реализира налогот на својот шеф од Будимпешта.

И покрај сите блокади, кочења, противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот.

Законот за Јавно обвинителство важен за правната држава, важен за европската иднина, влезе во собраниска процедура. Со него нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите.

Законот за Јавно обвинителство значи правна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицкоски.