Николовски: Неповратните средства за млади земјоделци ги зголемуваме на 20.000 евра, сите кои исполнуваат услови да конкурираат

0
72

Го решивме проблемот со Повардарие и со останатите винарии од претходните неколку години. Најдовме решение и оваа неправда на над две илјади и шестотини лозари веќе е исправена.

Ги донесовме измените на Законот за вино со кој што поттикнуваме раст на лозарството, нови семејни бутик винарии. Многу млади кој што ќе се ангажираат во овој сектор од земјоделството имаат денеска многу поповолни услови, но клучно, она што го разговараме денес е мерката за поддршка за младите земјоделци.

Минатата година со измените за законот за земјоделство и рурален развој предвидовме износот од десет илјади евра да го зголемиме на дваесет илјади евра грант за младите земјоделци. Ја завршивме целокупната постапка , се направија сите процедури и вчера Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој го објави новиот повик за оваа мерка, со што младите земјоделци од 18 до 40 години кој што ги исполнуваат условите предвидени во овој повик може да аплицираат за грант од дваесет илјади евра кој што може да го искористат за нова опрема, за нови производствени капацитети, за нови инвестиции и реализација на нивните идеи во земјоделството. Затоа ги поттикнуваме сите да ја искористат оваа можност.