Нов вооружен грабеж во обложувалница во Скопје

0
89

Вооружен грабеж се случил ноќеска во 21 часот и 37 минути во обложувалница во центарот на Скопје. Разбојникот со закана дека носи пиштол, влегол во објектот на улицата „Среќко Пужалка“ и ги украл парите од дневниот промет. Повредени нема, а од МВР велат дека работат на расветлување на овој случај, како и на расчистување на двојното убиство кое се случи истиот ден, изутрината во казиното „Вегас“ на Качанички пат.

Полицијата се уште трага по напаѓачите, кои со маски и добро организирани, со автоматски пушки и пиштоли влегле од задната страна на објектот и пукале во дел од присутните. На лице место загина 20-годишниот познат македонски борач Буњамин Нуиши од селото Крушопек кој работел во казиното како обезбедување. Нуиши починал по ударот со кундак во главата, а во нападот на казиното настрада и 22-годишно момче од Косово кое повеќе пати било застрелано откако се обидело да избега.