Одлични резултати на #МојаНаграда, бројот на дневно скенирани сметки удвоен

0
79

Првите два месеца од приредувањето, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати. Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари. Во играта уествуваат 190 илјади корисници, а дневниот просек на скенирани сметки пред и после почетокот на #МојаНаграда е удвоен, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По отпочнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.

Според Министерството, дури третина од корисниците на #МојаНаграда во периодот од 15 декември до 15 февруари скенирале меѓу 101 и 200 сметки, додека околу 20 отсто скенирале од 201 до 4000 сметки.