Од коронавирус починаа 2004 лица, бројот на нови заразени се намалува

0
71

Бројот на нови заразени од коронарен вирус во Кина, втор ден по ред е помалку од 2000 на ден. што навестува дека епидемијата е ставена под контрола, но експертите предупредуваат дека ова би можело да се промени бидејќи државните органи одлучуваат дека луѓето постепено ќе се враќаат на своите работни места, после принудните одмори.

Во вторникот, во Кина се регистрирани 1.749 нови пациенти и 136 смртни случаи. Од почетокот на епидемијата, во Кина се пријавени 74.185 лица, а 2.004 починале.

Експертите очекуваат дека трендот на намалување на новите случаи може да продолжи, бидејќи во Вухан, контролите „од врата до врата“ завршуваат денес.

Изминатиов месец медицинските работници извршија рација во секој стан и секоја куќа во Вухан за да пронајдат и изолираат секој, за кој се сомневаат дека е заразен.