„Од Солун до Загреб“ – грчка иницијатива за заедничка иднина на балканските земји и Европа

0
130

Во рамките на грчките иницијативи за промоција на ЕУ перспективата на регионот, утре во Солун ќе се одржи конференцијата на високо ниво насловена „Од Солун во Загреб“, на која ќе учествува и министерот Никола Димитров, конференција, која според грчки дипломатски извори, заедно со хрватско претседателство и во соработка со Европската комисија, се стреми да им овозможи на земјите од Западен Балкан да бидат „слушнати“ во пресрет на мајскиот Самит во Загреб, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите извори, грчката дипломатија се стреми, преку конференцијата да стави јасно до знаење дека европската перспектива на овие земји е приоритет, не само за нив, туку и за другите балкански држави кои се веќе членки на ЕУ.