Оперативци на МВР ги следеле и снимале обвинетите во Рекет

0
86

Боки 13 два пати бил на гости кај Јанева пред да биде уапсен. Ова го открила полицијата која ги следела двајцата обвинети во Рекет. Се следело и движењето на осудениот Зоран Милевски за кого Јовановски рече дека на една од снимките сега осудениот Кичеец, имал средба со братот на поранешниот премиер, Вице Заев и неговиот адвокат Ване Андреев. Обвинителката Русковска тврди дека посочените не ги забележала на видео снимките.

Јовановски и Милевски биле следени од 21 јуни па се до нивното апсење во Јули. Поранешната обвинителка Јанева под ПИ мерки била 10-тина дена. Полицијата ја следела и на денот кога давала исказ во обвинителството за гонење криминал и корупција. Се слушал и нејзиниот телефон ама немало разговори поврзани со случајот. Според одбраната, снимките не биле идентични со објаснувањето во извештаите од Посебните Истражни мерки.