Организаторите на упадот во Собранието влегуваат во судница

0
72

На обвинителната клупа ќе седнат екс спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски и тогашниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, а се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За Никола Груевски и Никола Бошкоски истрагата е запрена

СКОПЈЕ – Судскиот процес за организирањето на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „Крвавиот четврток“, денека почнува во скопскиот Кривичен суд.

За две лица, поранешниот премиер Никола Груевски и Никола Бошковски од УБК кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање. Груевски се наоѓа во Унгарија каде што доби азил, а Бошкоски е во Грција.

Обвинител во случајот е Вилма Русковска. Постапката ќе ја води судијата Илија Трпков, а дел од судечкиот совет е и судијката Дијана Груевска Илиевска, која дојде на местото на Владимир Туфегџиќ. Тој беше изземен од судечкиот совет, бидејќи неговата ќерка, пратеничката Ивана Туфегџиќ е дел од настаните на 27 април, односно е оштетена странка. Освен двајца судии, во судечкиот совет има и тројца поротници.