Осумина загинати во земјотрес во Турција

0
90

Осум лица загинаа, а други се заглавени под урнатите згради во југоисточна Турција денеска по земјотрес со јачина од 5,7 степени кој ја погоди областа крај границата со Иран, соопшти турската влада додека спасувачки екипи бараат преживеани низ урнатините во околните села .

Тројца од загинатите се деца, а 21 лице се повредени, вклучувајќи осум кои се во критична состојба, соопшти турското Министерство за здравство. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека околу 1.066 згради се срушиле во потресот чијшто епицентар бил во рурална област на северозападен Иран.