Палмер не ја исклучува размената на територии меѓу Србија и Косово

0
119

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово. „На страните е да ги одредат параметрите на дијалогот“ изјави тој во интервју за порталот „ЕУ обзервер“, запрашан во врска со размената на територии, додавајќи: „Она што ние го подржуваме е страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса и да пројандат пат кон нормализација на односите, идеално би било со заемно признавање“. Палмер не одговори на прашањето за тоа дали позицијата на САД е спротивна од германскиот став дека размената на територии би можело да го дестабилизира регионот.