ПАСОШКА КРИЗА

0
78

Втор ден операторите задолжени за закажување на термини за издавање на лични документи не возвраќаат на повиците на граѓаните. Од вчера е невозможно да се закаже термин за издавање на патни исправи. Состојбата со застојот е алармантна, илајдинци барања а само мал број на образци за издавање. Техничкиот министер за внатрешни работи изјави дека се размислува системот за закажување да се замрзне на одреден приод.

Во мвр досега се притигнати околу 16 500 барања за нов пасош но тие нема да бидат спроевдени се додека не притигнат новите обрасци .

„Јас со оглед дека е настанат голем проблем, правам напори во контакти со Веритос, со Германска амбасада, во саботата доставив информација на Влада, предложив заклучоци , со огледе дека се работи за државен проблем од суштинско значење за граѓаните, Владата да утврди модус, методологиоја, да ја надминеме оваа состојба. Меѓутоа владата го врати проблемот во надлежност на МВР.“

Околу 650 граѓани кои веќе аплицирале преку итна постапка ќе ги добијат патните исправи

но со оглед на тоа што мвр располага само со 3 700 обрасци за аплицирање – останатите барања ќе се одобруваат според приоритет – особено за патувања поради медицински причини.