Пендаровски: Мандатот ќе му го доделам на оној што ќе гарантира дека има 61 пратеник

0
96

Уставот е кристално јасен, ,кој ќе ме увери или ќе ми даде гаранција во облик на потписи дека има 61 пратеник, тој ќе го добие мандатот за формирање влада изјави во вчерашното гостување во емисијата Само Интервју претседателот Стево Пендаровски за престојните парламентарни избори.Според него претседателот нема право да бара дополнителни услови на оној кој обезбедил мнозинство во парламентот како што бараше преходниот претседател Иванов.

За законот за јавно обвинителство шефот на државата рече дека неговите сознанија се оти 80 проценти од содржината на законот била направена од странски експерти. Според него суштината на законот е да нема празен од помеѓу СЈО и редовното обвинителство

За ветингот во судството Пендараовски рече дека ако сами не сме способни да ги решиме проблемите и да го „проветриме“ судството потребно е да побараме меѓународна помош.