Петмина убиени во пукотница во пиварница во Милвоки

0
80

Пет лица се смртно застрелани, а неколкумина други се ранети откако напаѓач синоќа отвори оган во пиварница во Милвоки, во сојузната држава Висконсин, изјави локалната полиција.

Напаѓачот се самоубил на местото на настанот.

Според полицијата во Милвоки, напаѓачот е 51-годишен маж, кој бил најден во просториите со рана од оружје која најверојатно си ја нанел самиот.

Во текот на синоќешните часови, агенти од Федералното биро за истраги (ФБИ) биле на местото на настанот и вршеле истрага.