Петта недела паѓа цената на нафтата поради коронавирусот

0
80

Падот на цените се должи на ширењето на коронавирусот во Кина, од кој досега починаа над 900 луѓе, а повеќе од 40.000 се заразени.

Минатата недела цената на нафтата на светските пазари исто така забележа пад, веќе петта недела по ред, како резултат на стравувањата на економското влијание од ширењето на коронавирусот во и надвор од Кина, дека ќе ја ослабне побарувачката за „црното злато“. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 6,3 проценти во минатата недела на 54,47 американски долари, додека во САД барелот падна за 2,4 проценти на 50,32 долари.

Падот на цените се должи на ширењето на коронавирусот во Кина, од кој досега починаа над 900 луѓе, а повеќе од 40.000 се заразени. Надвор од Кина, има повеќе од 320 случаи на заразени и се пријавени во 27 земји и региони.