Пленковиќ: Франција го смени ставот за проширувањето, сега треба да се убедат Данска и Холандија

0
131

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека средбата на челниците на ЕУ и лидерите на земјите од Западен Балкан внесе нова сила во процесот на приближување на регионот кон Унијата. Тој прецизира дека промената на методологијата за проширување влијаела врз Франција веќе да не му се противи на тој процес, но оти сега треба уште да се уверат Холандија и Данска. Премиерот на Хрватска која е пртседавач на Европската унија додаде дека очекува до крајот на март да се заокружи и усвои ставот на Унијата за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.