Република Македонија и Република Полска одржуваат пријателски односи, со постојан политички дијалог, со растечка економска соработка и со обострана заложба за јакнење и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, констатирале на денешната средба претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој се наоѓа во официјална посета на Варшава.
Заеднички било заклучено дека нема отворени прашања меѓу двете држави, а од особена важност е развојот и интензивирањето на економската соработка за која постојат големи потенцијали од двете страни.
Претседателот Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговиот полски колега Дуда по средбата оценл дека имале искрен и содржаен разговор. Потенцира дека Република Полска е наш важен, докажан партнер и поддржувач во исполнување на нашите стратешки цели – членството во НАТО и Европската Унија, цели за кои имаме јасен национален консензус и широка поддршка од граѓаните.