Помпео-Тачи: Приштина да ја укине царина од сто отсто за српски производи

0
106

Високи американски официјални лица му пренесоа на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој е во посета на Соединетите Американски Држави, дека Вашингтон останува посветен на суверенитетот и независноста на балканската држава, но исто така очекува Приштина да ги тргне царините од сто отсто за увоз на српски производи. Портпаролот на Стејт департментот Морган Ортагус рече дека вчера американскиот државен секретар Мајк Помпео го искажал и силното партнерство меѓу САД и Косово.

САД се сметаат за еден од најголемите поддржувачи на независноста на Косово од Србија прогласена во 2008 година. Разговорите за надминување на несогласувањата меѓу Приштина и Белград, кој не ја признава независноста на Косово, се нарушија по одлуката на косовската влада да воведе царини од сто отсто како одговор на постојано српско лобирање земјите да го повлечат признавањето на Косово.