Понуда за соработка или исклучување? – „Беса“ зборува за понудата на Села за изборните единици

0
87


Ова е понудата за распределба на кандидатурите по изборни единици што лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села им ја упати на двајцата претседатели на партиите со кои се обидува да направи тројна коалиција, лидерот на Беса, Биљал Касами, и Африм Гаши, лидер на Алтернатива.

Како што може да се види прв во ИЕ 1 се предвидува да биде кандидатот од партијата Алтернатива, по кого следува кандидатот од АА, а трет на листата е од Движење Беса.
Во ИЕ 2 е истиот редослед, односно прв е кандидатот од Алтернатива, потоа од АА, а на трето место кандидатот од Движење Беса.

Како што може да се види во ИЕ 6, носител на листата според оваа понуда, ќе биде од АА, потоа кандидатот од Движење Беса, потоа повторно од АА, четврт е од Алтернатива, а петти исто така од АА.

Всушност во оваа изборна единица се предвидени вкупно десет кандидати од овие три партии, шест – Беса, потоа Алијанса за Албанците, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Беса. Што се однесува до петтата изборна единица, според понудата на Зијадин Села, испратена до Касами и Гаши, се предвидува на првите две места, носители на листата да бидат кандидати од Алијанса за Албанците.

Како што можеме да забележиме, во четирите изборни единици, предвидени со оваа понуда, во ниту една изборна единица Движење Беса нема носител на листата.

Прашан за оваа понуда, потпретседателот на Беса, Кастриот Реџепи, за ТВ21 рече дека соработката и поделбата во ИЕ може да се направат со разговори, а не преку еднострани понуди, како што ја нарече тој. Дали оваа понуда може да се толкува како начин Беса самата да се исклучи од процесот?! Во врска со тоа го прашавме потпретседателот на Беса, Кастриот Реџепи, чиј одговор ќе го слушнеме сега.

„Реакцијата на јавноста колку што гледам но и на поддржувачите на партиите, и на Алијанса во најголема мерка но и на независните луѓе, интелектуалци, сите реакции се дека ова не е понуда за соработка туку понуда за исклучување. Меѓутоа повторувам дека до моментот додека не седнеме на маса да разговараме, не сакаме да коментираме во врска со ова бидејќи коалициите се прават на маса а не преку писма и пораки преку медиумите“, истакна Кастриот Реџепи.

За овој предлог – понуда сакавме да добиеме став и од АА, но генералниот секретар на оваа партија, Арбен Таравари ни рече дека денеска нема да коментира ништо. Меѓутоа тој синоќа ова го нарече великодушност.

За неколку часа истекува рокот од 48 часа Беса и Алтернатива да и одговорат на АА за конкретната понуда. Потпретседателот на Беса рече дека нема да одговорат бидејќи како што објасни, понудата ќе се разгледа од Централното собрание чија средба е закажана за петок.

Ниту од Алтернатива не сакаа да коментираат за понудата и дали ќе одговорат на Алијанса. Вчера генералниот секретар на партијата Скендер Реџепи, на прашање на ТВ21 за тоа што ќе прават по истекот на 48 часа, рече дека ќе постапат исто како и последниот месец, ќе продолжат да ја негуваат можноста за соработка за изборните програми на двата субјекта, Алтернатива и Алијанса.