Поповски: Новата методологија нема да го скрати времетраењето на преговорите

0
77

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека новата методологија за преговарање со ЕУ не значи дека побрзо ќе влеземе во Унијата.

-Не мислам дека предноста или слабоста треба да ја гледаме преку документи. Често некакви документи се менуваат пред прием на нови членки. Не е битно што мислиме ние за тој документ, бидејќи никој нема да не праша дали ни одговара. Преку овој документ можеме да ги видиме односите меѓу земјите членки и ЕУ. Денес зборуваме за реверзибилснот, а сведоци дека сме таква реверзибилност се случувала и во минатото. Документот ги редефенира односите во членките внатре. Предноста, ако има, е што можеби ќе ги омекне позициите во самата ЕУ. Воопшто не значи дека ќе се скрати времетраењето на преговарање, вели Поповски.