ПРАТЕНИЦИТЕ ПОСТИГНАЛЕ НАПРЕДОК ОКОЛУ СОБРАНИСКИОТ ДЕЛОВНИК ВО ПРОЦЕСОТ „ЖАН МОНЕ”

0
78

Третиот „Жан Моне“ дијалог ги остави измените на собранискиот Деловник за новиот парламентарен состав. Иако пратеничките групи имаат договор за 90 отсто од прашањата, со оглед на тоа дека државата се наоѓа во предизборие, новата тројка европратеници Ќучук, Шидер и Валсман советуваат промените да се направат во најбрз можен рок но после 12 април.

„Иако фокусот се секогаш на конкретни прашања и тоа што не сакавме да направиме е да земеме една точка и да интервенираме во овој изборен период.Она што не можевме да го направиме особено пред изборите е да дадеме одговори за некои од партиите кои би сакале да го посочат на нивните предизборни постери и плакати“ – вели Андреас Шидер европратеник.

„Мене ми е драго што партиите соработуваат за битните прашања и има улога што треба да биде одиграна не само од мнозинството туку и за тие кои шо се во опозиција“ – смета Илхан Ќучук известувач на Македонија во ЕП.