Прегазен пешак (77) во Скопје

0
78

Вчера во 14,00 часот било пријавено дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“, после крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Б.(57) од Скопје удрило во пешакот П.П.К.(77) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.