Пресечен канал за шверц на дрога: Од македонски автомобил во Црна Гора запленети 12 килограми хероин

0
80

Полициите на Црна Гора и на Северна Македонија работеле неколку месеци на сузбивање на оваа рута за шверц во која крајната дестинација биле земјите од Западна Европа. Запленетиот хероин во конкретниот случај, се наведува од црногорската полиција, требало да заврши во Италија

Црногорската и македонската полиција пресекоа меѓународен канал за шверц на дрога. Станува збор за акција во која се откриени 12 килограми хероин, а уапсени се две лица од Скопје, момче на возраст од 28 години и 23-годишна девојка, соопштија од Полициската управа на Црна Гора.

Момчето и девојката се наоѓале во автомобил со македонски регистрации со кој требало да се прошверцува дрогата. Возилото им било претресено на граничниот премин Кула.