Продолжува партиската караница околу законитоста на гласањето во Парламентот

0
71

Која судска институција треба да ја разгледа законитоста на постапката на гласање во Собранието за Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на обвинители за ВМРО-ДПМНЕ сè уште е нејасно. Правниот тим на партијата сè уште разгледува кој би можел да одговара за постапките за кои велат дека се незаконски и криминални.

Но, од СДСМ возвраќаат дека Законот за Совет на обвинители не ни требало да се донесе со Бадентерово мнозинство.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Партијата на Христијан Мицкоски пред еден ден се спротивстави на повтореното гласање за Законот за Јавно обвинителство. Мнозинство од 80 гласови се обезбеди дури откако повторно се гласаше. ВМРО се спротивставува и на гласањето на Закон за Совет на обвинители за кого, според нив, требало да се гласа со Бадентер. Од Собранието соопштуваат дека гласањето било спроведено во согласност со Деловникот.