Протест за чист воздух пред УСЈЕ

0
79

Иницијативата Движењето за чист воздух за денеска во 12.05 часот најавува блокада пред цементарницата во Скопје против големите загадувачи.

Во повикот на Движењето се наведува дека треба заеднички да се покаже револтот поради загадувањето бидејќи повеќе се нема време за чекање.

„Бидејќи автоматски мониторинг не се прави, туку се користи како манипулација, ние од иницијативата Движење за чист воздух се решивме на отпор против најголемите загадувачи, трујачи на животната околина. Со протест покажуваме само собир на истомисленици, со блокада на цементарницата покажуваме отпор кон политиката на молк и бизнис на штета на нашето здравје“, се додава во повикот.