Протест пред „Усје“: Алтернативно нè убивате!

0
97

Cо едноминутен молк за сите жртви од загадувањето, иницијативата „Движење за чист воздух“ го започна денешниот протест пред Цементарницата „Усје“. Симболично за компанијата донесоа пехар за „трујач на годината“ и го блокираа влезот со црвена лента.

Револтот не го насочуваат само кон „Усје“, туку велат дека протестите се крик за еколошка правда и ставање на јавниот интерес пред бизнисот. Со паролата „Алтернативно нè убивате!“, активистите побараа итна забрана на увозот на отпад бидејќи, како што велат, државата нема капацитет и механизам за ефикасна контрола.

„Политичарите се во корелација со олигарсите кои нè трујат. Ние денеска го дишеме нивниот профит. Бидејќи автоматски мониторинг не се прави, туку се користи како манипулација, ние се решивме на отпор против најголемите загадувачи, трујачи на животната околина“,

порачаа активистите.