„Рекет“- пораки меѓу Заев и Боки 13 меѓу доказите

0
92

На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ обвинителката Ивана Трајчева презентираше пораки кои ги испраќал првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, меѓу другите, и до тогашниот премиер, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Според доказите што ги презентираше обвинителката, Јовановски преку апликациите Вибер и Ватс ап, на својата мајка и препраќал пораки од комуникација со, како што се гледа од фотографиите презентирани во судница, името Зоран Заев.

Според презентираното, Боки 13 во април лани, еден месец пред отворањето на истрагата за случајот „Рекет“, барал од Заев да го прими со тврдење дека никогаш не го злоупотребил неговото име и дека не играл дворски игри. На ова, според презентираното во судница, Заев одговорил: „ги видов доказите, огорчен сум и пред сериозни одлуки. Ова што се случува е грозно и јас како претседател на Владата, сум должен и ќе постапам“.