„Рекет“, сведочење на братот на судијката Весна Димишкова

0
89

Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова сведочеше во „Рекет“. По предлог на обвинетиот Боки 13, раскажуваше што знае за случајот. Бил правен застапник на Стопанска Банка – Битола. Летото во 2018 – та молба за средба пристигнала од Орце Камчев. Се сретнале. Бизнисменот на мобилниот телефон му покажал документи. Димишков прочитал само дека пишува наредба на која стоело името на неговата сестра судијка – која потоа му одреди притвор на Камчев.

Според тврдењето на Димишков, Камчев му понудил да биде дел од тимот кој ќе го брани. Следувале и средби со Зоран Кичеец и со сопругата на Орце, Ана. На последната средба со Кичеец, адвокатот не одбил соработка, само дал понуда за правни услуги која не била прифатлива поради високата цена. Тврди дека сфатил оти Камчеви сакаат да го искористат, па со неговиот ангажман по сила на закон, неговата сестра ќе била изземена од „Империја“. Адвокатот на Боки 13, задоволен од првиот предложен сведок.

„Сведокот ја исполни обврската што требаше да ја исполни еден сведок, односно ја кажа вистината за овој настан, а кога тоа ќе го поврзете со исказот на сведокот на обвинителството, Лиле Стефанова ќе дојдете до одредени заклучоци“, рече Сашо Дуковски, адвокат на Боки.