Русин продавал дрога низ Гостивар

0
82

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.В.С.(36) од Руската Федерација, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

На 10.02.2020 полициски службеници извршиле претрес во соба во хотел во Гостивар, каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.