Само плински боци со атест се сигурни

0
67

Трагедијата во кумановско Романовце ја вознемири јавноста

Познавачите на состојбите постојано апелираат за внимателно ракување со плинските боци. Најважно од сѐ е да се користат атестирани плински боци од овластени полнилници за гас, со проверени сигурносни вентили и да се полнат со пропишаното количество гас. Сите други плински боци што немаат никаков атест и се полнат во разни продажни места може да бидат несигурни и опасни

Граѓаните сѐ уште се во шок од трагедијата што се случи во кумановско Романовце, во која настрадаа три деца, а повеќемина од семејството беа повредени. На многумина сѐ уште им се во свежо сеќавање многу вакви настани од минатото, но овој е најголем по бројот на жртви. Плинска боца го предизвика пожарот што се случи во продавница за железо во Гевгелија, при што загина едно лице, а неколкумина беа повредени во јануари минатата година. Тројца скопјани беа повредени, а едно 25-годишно момче почина во пожарот што се случи од експлозија на плинска боца во сервисот за мотори „Тјунинг“ на улицата Јордан Мијалков во декември 2018. Во декември 2019 година имаше еден тешко повреден во експлозија на плинска боца во Тетово. И веројатно има уште многу на кои би се сетиле, а посакуваме да не се случуваат во иднина. Познавачите на состојбите постојано апелираат за внимателно ракување со плинските боци. Најважно од сѐ е да се користат атестирани плински боци од овластени полнилници за гас, со проверени сигурносни вентили и пропишано количество гас. Сите други плински боци што немаат никаков атест и се полнат во разни продажни места за гас може да бидат несигурни и опасни.