Свинскиот грип годинава легна најмногу болни

0
79

„Сѐ додека трае сезоната на грип не е доцна луѓето да се вакцинираат“, вели проф. д-р Голубинка Бошевска, раководител на вирусолошката лабораторија при ИЈЗ.

Годинава во споредба со претходните неколку години поголем е бројот на заболени од сезонски грип, има доста пациенти со компликации кои се лекуваат болнички, а регистрирани се и три смртни случаи. Анализите на типот на вирусот на грип кои се прават во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека кај најголем број од пациентите со оваа дијагноза е изолиран свинскиот грип кој за првпат се појави во 2009 година и предизвика општа епидемија во светот. Некои лекари велат и дека тоа е причината што имаме поголема активност на грипот и потешки компликации.