СДСМ – Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се со краток рок и не им поминуваат.

0
83

ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги,измислици и вештачки креирани сценарија продолжува во нивни познат стил,истакнаа од СДСМ по одржаната прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, реалноста е дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ се со краток рок и не им поминуваат.

Така, не помина ни денешната лага од белиот дворец, во која е повикана министерката за одбрана Радмила Шекеринска за наводни сомнителни тендери.

Од ова само се потврдува очајот на ВМРО-ДПМНЕ во нивната безидејност и немањето што да им понудат на граѓаните, освен лаги од краток рок.

Машините за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во настап на нервоза при телевизиското соочување со министерката за одбрана, а потоа и неговата партија се огласи, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

Освен јавниот повик до сите фирми да земат учество во набавката и техничкиот дијалог, било одговорено на сите прашања, предлози и сугестии токму во насока на зголемување на конкуренцијата.

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес не се договараат цените по телефон и со тајни разговори туку се јавно објавени постапки на кои победува тој што нуди најниска цена. Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

На лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ му нема крај. Истата таа партија го кочеше Законот за одбрана во Собранието, особено важен за нашето членство во НАТО, со години ги држеше замрзнати платите на вработените во армијата и не направи ништо позитивно.

Наспроти нив, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата, платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари и обезбеди надомест од 7000 денари за станарина.

Затоа,граѓаните на 12 април ќе ги поразат лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!, се наведува во реакцијата на СДСМ.