СДСМ: Мизрахи, поттикната од Мицкоски, го прекрши Уставот

0
97

Внатрешните реформи на ЕУ мора да одат заедно со, можеби една од нејзините најуспешни политики, а тоа е политиката на проширување, изјави хрватскиот европратеник од социјал-демократската група Тонино Пицула, по отворањето на меѓународната конференција „Еден Балкан кон ЕУ“.

– Секако годината не почна добро и првпат останавме без една земја членка, но тоа само ја нагласува потребата на реформа на ЕУ, а нејзината реформа и напредок не може да одат без политиката на проширување кон Западен Балкан. Северна Македонија е државата на овој простор што направи најмногу за афирмација на ваквата политика и затоа сметаме дека е погрешна одлуката за непочнување на преговори во октомври минатата година, изjави Пицула.

Верувам, подвлече Пицула, дека Зоран Заев и неговата влада дадоа силен аргумент за отворање на преговорiте и тоа е секако причина за сите нас во ЕП да продолжиме со поддршка на политиката на проширување.