Селами од Тетово: Сите земјоделци што ќе ги исполнат условите, ќе добијат пари од Мерка 113

0
86

Голем број земјоделци, пчелари и сточари имаат интерес за оваа мерка и беше потребна инфо сесијата за да се дознаат начините како да се исполнат критериумите за да се добие помошта од Министерството и Агенцијата. За оваа мерка максимална вредност на прифатливи трошоци е 20 000 евра и претставува висок износ, истакна Дритон Дикена од „Градот на пчелите“.

На средбата присуствуваа и Државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику, Министерот без ресор, Хисен Џемаили и заменик директорот на Платежната агенција, Абдул Селам Селами.

-Мерките кои ги носи Владата се во интерес на поголем развој на земјоделското производство. Покрај редовните субвенции, деновиве актуелен е повикот за мерка 113 со која земјоделците имаат можност да аплицираат и искористат 20 000 евра државна поддршка. Како што веќе соопштија од МЗШВ, сите што ќе ги исполнат пропишаните услови и критериуми ќе бидат корисници на оваа мерка – истакна Селами.